Победа на Македонија над Фарските Острови

Од:

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија оствари победа во третиот натпревар од А групата на европскиот шампионатот за ракометарки до 17 години, што се одржува во Скопје.

Нашите кадетки го искористија домашниот терен и останаа во борбата за првата позиција во групата.

Македонија ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 24:20. Најефикасни во нашиот состав беа: Марија Тасевска и Јована Кипријановска со по 7 голови, додека одична во завршницата беше голманката Јована Мицевска.

На вториот дуел од А групата Полска ја победи Швајцарија со 30:23. Утре Македонија против Полска ќе игра натпревар за првото место во групата.

По 4.коло Македонија и Полска имаат по 6 бодови, Швајцарија 4, Фарски Острови 2, а Грција е без бод откако е исфрлена од шампионатот.

Во Б групата денеска: исланд – Словенија 15:28 и Бугарија – Косово 41:30.

Табела Б група: Словенија 6, Бугарија 6, Израел 2, Косово 2 и Исланд 0.