Поради големите пожари општина Чашка – Велес без струја

Од:

Поради големите пожари во Богомила, Ореше, Папрадиште, планинарски дом Чеплез, сите корисници на општина Чашка-Велес ќе останат без напојување подолг период.

Екипите на ЕВН Македонија се на терен и работат на санирање на 11 изгорени столбови и опрема кои се зафатени од огнената стихија, а помагаат и во гаснење на пожарот.