Пожарот во Моране е алармантен, го зафати и Орешани

Од:

Огромен појас на нискостеблеста шума изгоре во пожарот кој денеска го зафати скопското село Моране, а се прошири и кон соседното Орешани, во општината Зелениково. Екипата на А1 и Макфакс која што е на терен, забележа опожарен огромен простор, но никој не се справува со пожарот. Нашата новинарска екипа стигна до Орешани, а екипите на Центарот за управување со кризи се уште тапкаат во место, со образложение дека е ризично.

Екипоте на ЦУК кои дојдоа попладнево засега не делуваат, бидејќи велат дека не го познаат теренот. Според нив, локалната власт е глува  за нивните барања и нема кој да им го покаже ниту патот.  Според последните најави, локалната власт ќе делува дури изутрина, а дотогаш селата се оставени на милост и немилост.

Она што нашата екипа можеше да забележи е дека огнот не само што има зафатено огромен појас кај скопското село Моране, туку набрзина го зафати и соседното Орешане. Од нискостеблестата шума остана само пепел. На теренот се чувствува густ чад, воздухот е загаден од силниот оган.

Надлежните апелираат за помош од локалното населени од кое што барат да им помогне да се снајдат на теренот и да пронајдат пристапни патишта до огнените жаришта.