Три лица загинаа, а едно е повредено при пад на мал авион, кој летал во рамките на активности на младински камп во источношвајцарскиот кантон Граубинден, пренесуваат швајцарските медиуми.
Леталото паднало во планинската област Дијаволец, при што целосно е уништена, а загинале пилотот и двајца 14-годишни момчиња, додека една 17-годишна девојка е тешко повредена, соопштила полицијата.