Тинејџер дошол од Велика Британија на гости, исчезнал во Скопје

Од:

Роднините и полицијата трагаат по 16-гдишно момче кое што исчезнало во Скопје. Според апелот кој што се споделува на Фејсбук, исчезнат е тинејџерот Лука Божиновски – британски државјанин кој дошол на гости кај свои роднини во Скопје.

Тој е висок 180 сантиметри и тежок 65 килограми. Последен пат е виден вчера околу 1. 30 часот по полноќ во населбата Даме Груев. Случајот е пријавен во полиција која интезивно трага по малолетникот.Семејството апелира секој кој ќе го види да им се јави на следните телефони‎ : 075-689-067 (Зоран), ‎078-313-154 (Марина) или да пријават во најблиската полициска станица или на бројот 192.