Повредените пратеници во шок од бруталноста на власта

Од:

Повредените пратеници од опозицијата се во стабилна здравствена состојба по укажаната лекарска помош.

Весна Бендевска има потрес на мозок, Биљана Kазанџисka набиени ребра.

Повредени беа, и на раце од салата беа изнесени Митре Вељаноски, Миле Андонов, Радмила Шеќеринска, Дивка Јовковска. Повредена беше и бремена млада пратеничка, која има се уште тешки главоболки.

За А1 велат дека се уште се во шок од бруталноста на власта и дека се уште не можат да сфатат дека ова се случува во демократска држава. Не ни можеле да помислат дека во сопствената држава ќе бидат тепани и влечени од обезбедувањето кое го плаќаме сите ние. Не можат да ги сфатат колегите од ВМРО-ДПМНЕ кои мирно го набљудуваа насилството врз нив нив и не реагираа да им притекнат на помош

Бендевска и Казанџиска беа повредени , како што велат од обезбедувањето во обидот да биде извлечен од салата спикерот Трајко Вељаноски, а останатите при насилното и грубо исфрлање од салата.

Апелираат до дел од медиумите да не ја искривуваат вистината, да пренесат само тоа што се случило, дека не ја напуштиле салата и Собранието, туку, како што велат, дека на најгруб и најбрутален начин власта ги исфрлила и избркала.

Од видеата точно што се случуваше во Собранието.