Пожарот кој денеска напладне избувна на Матка е подметнат, изјави вечерва за „А1он“ директорот на ЈП Паркови и заленило, Душан Авировиќ. Тој вели дека туристи го сликале пироманот со телефон. За случајот е известена полицијата и се чека да бидат преземени некакви мерки.
Екипата на „А1он“ вечерва е во кањонот на Матка, каде денеска околу 15 часот изби пожар на непристапен терен. Надлежните се надеваат дека нема да се рашири огнот, но екипите на ЈП Паркови и зеленило и пожарникаритевечерва заминаа од теренот бидејќи немаат услови за интервенција во ноќните часови. Останаа само неколкумина да дежураат.Но, според најавие веќе утре рано изутрина едне хеликоптер повторн ќе биде ангажиран за гаснење на огнените јазици, кои се закануваат да се прошират кон Водно.
Пожарот се шири кон браната Матка, селото Шишево, но и кон Водно. Гори висока шума, која е вистинско богатство во кањонот Матка.
Авировиќ вели дека остварил средба со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој му ветил дека ќе помогнат во гаснењето на огнената стихија. Тој објаснува дека пожарот е на многу непристапен терен и со ваков случај досега не се соочиле, иако летово имале осум интервенции на овој потег.
„Седум пожари имаше во текот на летово но на попристапни терени, кои веднаш беа локализирани. Сега за првпат се соочуваме со пожар на волку непристапен терен. Денеска имаше осум прелети на хеликоптери кои фрлаа вода во појасот зафатен од огнот, а ќе продолжат и утре“, вели Авировиќ.
Во близина на местото каде што е најинтензивен огнот е средновековниот матастир „Свети Никола“. Надлежните велат дека ќе сторат се за да го заштитат.
„Загрозен е средновековниот манастир „Свети Никол“, но наша оврска е да сопереме огнот да дојде до ова свето место“, вели Авировиќ. Тој напоменува дека за среќа во манастирот има вода. која што се гости за гаснење на огнот.
Тој најави деќа утре во текот на утрешниот ден ќе бараат од надлеѓните министерства да се воведе забрана за движење не само во парк шумаат Водно, туку и во останатите национални паркови, а најави дека ќе бараат и поригорозни казни за предизвикувачите на пожари.