Владата на Република Македонија ги отфрла како целосно невистинити и неточни информациите објавени на рускиот интернет портал „Спутник“ кои подоцна се преземени и објавени на повеќе регионални српски интернет медиуми.
– На самитот на Јадранската група во Подгорица во ниту еден момент не е разговарано за промена на името на Република Македонија, изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.