Македонскиот вицепрвак Шкендија обезбеди пласман во плејофот за Лига Европа.
Тетовци попладнево во реванш дуелот од третото квалификациско коло со 3-0 ја победија литванската екипа Тракаи, со што ја анулираа негативата од еден гол на првиот меч и со вкупни 4-2 патуваат во наредната рунда.
Головите за Шкендија ги постигнаа Бесарт Ибраими во (29.минута) и два постигна Ферхан Хасани (42 и 88).
Со ова екипата на Шкендија го повтори ланскиот успех во еврокуповите и се пласира во плеј-офот во Лига Европа, каде ќе игра и македонскиот првак Вардар кој вчера од Копенхаген беше елиминиран во третото коло од Лигата на шампионите.
Кои ќе бидат противниците на Вардар и Шкендија ќе биде познато утре по жрепката која ќе биде извршена во Нион.