Јункер: Не сум за брзо влегување на Запад Балкан во ЕУ, но не сум ниту за војна

Од:

Не сметам дека Западен Балкан наскоро треба да се приклучи на Европската унија, но ако им ја одземеме европската перспектива, ќе имаме повторно искуство како во 90-тите, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

„Поради тоа стабилноста и поставеноста на Европската унија се предуслов за да нема повторно војна на Балканот. Се надевам дека тоа Трамп го разбра“, изјави Јункер, порачувајќи му на американскиот претседател дека веќе му објаснил дека не треба да посакува и другите европјани да тргнат по стапките на Велика Британија.