Француската лига побара од Шпанија да го одобри трансферот на Нејмар

Од:

Француската фудбалска лига (ЛФП) побара од шпанската „Ла лига“ што поскоро да го одобри трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен, на тој начин што ќе ја прифати отпусната клаузула.

ЛФП во писмото навела дека „Ла лига“ треба да се донесува во согласност со правилата на Светската фудбалска федерација и да постапи одговорно во овој случај. Тие не сфаќаат зошто е одбиено нивното барање.

Шпанската лига денес ја одби уплатата на Нејмар за отпусна клаузула, која што не постои во останатите големи европски лиги.

Во Шпанија, место клубот кој сака да го купи играчот да уплати средства на клубот кој што го продава, се поставува услов играчот сам себе да се откупи од тимот кој сака да го напушти.

Тоа значи дека ПСЖ најпрво ќе треба да му ги исплати парите, а тој потоа да поднесе барање до „Ла лига“.