Неспособноста на владата на СДС е огромна и јасно видлива и неа не може да ја покрие ништо, а камо ли пак една несигурна изјава на Благој Бочварски. Ниту една бледа изјава, ниту партиска прес конференција нема да ја смени вистината дека СДС крати огромни средства за капитални инвестиции, а во исто време одвојува милиони денари за партиски вработувања, се вели во реакцијата на ВМРо-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Благој Бочварски.
Според опозициската партија, на граѓаните им стана кристално јасно дека владата на СДС не е реформска, туку антиреформска. Се што направи СДС не беше во полза на граѓаните, туку на нивна штета.
„СДС скрати милиони денари од парите наменети за средните и основни училишта, факултети, студентски домови, рурален развој, пензионерски домови, градинки, водостопанство и многу други. СДС со ништо не може да ја покрие својата неспособност и безидејност која ја манифестираа во првите два месеци од нивното работење. Граѓаните од СДС очекуваат реална работа, а не млатење на празна слама, граѓаните од СДС очекуваат 16.000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна плата, 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта, 15% поврат на ДДВ со што граѓаните ќе добијат како што им беше ветено 30.000 денари на крајот на годината, а лекарите очекуваат 100.000 денари плата“, се вели во реакцијата.