Македонската кошаркарска репрезентација со пораз ги започна претквалификациите за влез во квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2019 година. Македонија во првото коло гостуваше во Приштина и загуби од Косово 72:68.
Македонија катастрофално одигра во првиот дел, одбраната на противникот му дозволи премногу лесни поени, а во нападот целосно шутерски потфрли. Поради тоа Косово по 20 минути игра имаше огромни 40:20.
Многу подобро избраниците на Давитков делуваа во вториот дел, двајцата најдобри (Стојановски и Теодор) влегоа во вистински ритам и предноста на противникот започна да се топи.
Македонија на 27 секунди до крајот дојде до негатива од два поени (72:70), но потоа во последниот напад на Косово Тасовски направи непотребен фаул, го испрати Бекај на линијата за слободни, тој два пати беше прецизен и го постави конечниот резултат.
Теодор со 22 и Стојановски со 17 поени ја предводеа Македонија, додека Бериша уфрли 28 поени и беше најефикасен играч на натпреварот.
Наредниот меч Македонија ќе го одигра в сабота кога во Скопје ќе гостува Естонија.