Двочасовна изложеност на електромагнетните полиња на фреквенцијата на мобилните телефони кај глисти предизвикала општ стрес на организмот и промени во ДНК, покажува истражувањето на францускиот професор Жан Пол Бурдиноа и неговите соработници од Хрватска.
До овој резултат истражувачкиот тим дошол откако глистите од типот Eisenia fetida ги изложил на одредена фрекфенција на електромагнетните полиња од 900 мегахерци, што е исто на зрачењето на мобилниот телефон.
Со тоа, професорот Бурдино смета дека докажале оти зрачењето го предизвикува оксидативниот стрес во ткивото на глистите и дека предизвикува зголемена концентрација на слободни радикали во споредба со концентрацијата кај глистите кои не биле изложени на фрекфенцијата на мобилните телефони.