Синдикатот на Организацијата на работници на Croatia Airlines (ORCA) најавува штрајк на 8 август, како резултат на повеќемесечните одолговлекувања на компанијата околу потпишувањето на Колективниот договор.
Во соопштението на синдикатот се наведува дека со својот однос раководството на компанијата „покажало колку им се важни нивните вработени, како и работењето на самата компанија“.
Тие сметаат дека штрајкот е единствена мерка која што надлежните ќе ги натера на конструктивен дијалог со нив.