Дачиќ: Земјите во регионот повторно се под притисок да бираат меѓу Исток и Запад

Од:

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека земјите од регионот повторно се под притисок да се определат за Исток или за Запад, но дека Србија во тоа нема да учествува.

Дачиќ во изјава за Радио-телевизија Србија рече дека на денешниот самит во Подгорица се слуѓнале изрази од времето на Железната завеса, како што е поделба на Исток и Запад.

„Каков Запад кога падна Берлинскиот ѕид? Каде е Исток? Нема веќе кумунистички исток. Овде станува збор за прашањето за Русија и се се гледа преку односот кон неа“, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека Србија нема да учествува во тоа, бидејќи „ Србија е за себе, а не за Исток или Запад“.