Македонските јуниори поразени од домаќинот на Европското првенство Естонија

Од:

Младата јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз во Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 18 години, што се одржува во Естонија.

Нашите јуниори во натпревар од последното 5.коло на Д групата одигран попладнево загубија од домаќинот Естонија со 78:58 по четвртини 25-13, 15-16, 22-14 и 14-15.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Мартин Турсунов со 13 поени, додека Дамјан Крстевски средбата ја заврши со „дабл-дабл“ учинок од 12 поени и 11 скокови, а двоцифрен број на поени (10) имаше уште и Лука Стојановски.

Кое место ќе го освои Македонија во групата ќе зависи од двата вечерашни дуели меѓу Белгија – Швајцарија и Данска – Ирска.

На табелата по некомплетното 5.коло лидер е Естонија со максимални 10 бодови, Македонија со 7, а потоа со по 6 бодови следуваат Белгија, Данска и Швајцарија, додека последно пласираната Ирска има 3 бода.

Првопласираните две селекции од групата ќе играат во четвртфиналето, додека трето и четврто рангираните ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место, а останатите две (5 и 6.место) ќе разигруваат од 17 до 24 место во конечниот поредок на првенството.