Паѓаат цените на нафтата

Од:

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните берзи за 1 отсто, поради ненадејниот раст на американските залихи со гориво и високата понуда на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC).

На лондонската берза цената на барелот падна 49 центи, додека барелот во Њујорк поефтини 53 центи.

Американскиот нафтен институт (API) објави дека залихите со сирова нафта во САД пораснале за 1,8 милиони барели на 488,8 милиони барели.