Јапонија прави суперкомпјутер

Од:
Јапонија го прави најбрзиот суперкомпјутер на светот, со што се надева дека земјата ќе прерасне во глобално место за истражување на вештачката интелигенција. За овој проект ќе бидат вложени 173 милиони долари.

AI Bridging Cloud Infrastructure (ABCI) нема да има екран, ќе наликува на стандардните компјутери, само ќе биде многу побрз. Ќе зазема површина од 1.000 метри квадратни. Планот е да го надмине и кинескиот шампион Sunway TaihuLight.

Кога ќе биде завршен, суперкомпјутерот ќе може да изведува 130.000 билиони калкулации во секунда. Крајниот термин се планира за април, 2018 година.Тој ќе може да се употребува во различни области – ќе им помага на компаниите за развој на роботиката, медицинската дијагноза и автомобилите со автоматско управување.