(ВИДЕО) Саудискиот принц во Црвеното море ќе гради туристички рај

Од:

Саудиска Арабија започна голем туристички проект, кој 50 острови и други локации на крајбрежјето на Црвеното море ќе ги претвори во луксузни одморалишта. Идејата зад која стои амбициозниот принц Саламан, има за цел да ја намали зависноста од нафтата, во време кога цената на нафтата константно опаѓа.

Како што пишува, „Gulf Biznis“, проектот е инспириран од Малдивите и на популарните острови, би требало да има луксузни апартмани и хотели за богати клиенти. Принцот најави дека се надева, проектот да привлече и домашни туристи. Природните острови се простираат на над 30.000 километри километри, што е површима поголема од таа што ја зазема Белгија.

Саудиска Арабија очекува дека проектот ќе отвори 35.000 работни места и ќе угости околу еден милион туристи годишно, што според сегашните пресметки, би требало да обезбеди годишен профит од четири милијарди долари. За почеток, од државниот фонд на земјата, обезбедени се 183 милијарди долари, според принцот Саламан, се планира соработка и со големи меѓународни компании.

Според планот, изградбата би требало да почне во 2019 година, а во првата фаза, која би била завршена до 2022 година, ќе се изгради ново воздухопловно пристаниште, луксузни хотели и останати сместувачки капацитети. На странските туристи би им се олеснила процедурата за виза, но останува нејасно дали ќе има промени во другите ограничувања, за кои е позната Саудиска Арабија. Во земјата забранет е алкохолот, кината и театрите. Проектот „Црвено море“ е дел од планот “Саудиската визија 2030“, кој саудискиот престолонаследник го најави минатата година.