Поради штрајк на аеродромите одложени 60 летови во Милано

Од:

Повеќе од 60 летови на аеродромите „Линате“ и „Малпенса“ во Милано вчера се одложени на неколку часа поради штрајк што се случува во ек на туристичката сезона.

Синдикатите на аеродромскиот персонал штрајкувале поради противењето на управата дел од услугите да ги препуштат на надворешни организации или здруженија.

Шефот на цивилното воздухопловство на Италија, Вито Риџио, рекол дека штрајкот е неприфатлив и дека нема да се повтори. Тој побарал санкции за штрајкувачите.

Според него, незамисливо е да се создаваат потешкотии за луѓето на одмор во една туристичка држава.