Јордан го укина законот за „брак со силувачот“

Од:

Долниот дом на јорданскиот парламент ја укина одредбата од кривичниот закон со која на силувачот му се овозможува да ја избегне казната доколку се ожени со својата жртва.

Одлукаат е прогласена за значаен чекор во остварувањето на правата на жените во Јордан. Во текот на денешната расправа некои од пратениците тврделе дека жртвите кои се силувани можат да се заштитат од осудата на средината, само на тој начин што им се дава можност да стапат во брак. Повеќето пратеници сепак гласале во согласност со препораката на владата. За да стапат на сила измените на законот, треба да бидат потврдени и од Горниот дом на парламентот и кралот Абдула II.

Законското решение за „брак со силувачот“ веќе го укинаа Тунис, Мароко и Египет, а во тек е постапка и во Либан.