Соборен е рекордот на највисока температура низ цела Италија, каде од 3 август ќе биде прогласен “црвен аларм“ во 26 градови.
Сите поголеми градови во Италија ќе бидат максимално загреани, освен Џенова каде ќе биде прогласен “жолт аларм“.
Во местото Капо Сан Лоренци на Срадинија денеска е измерена температура од 50 целзиусови степени.
Топлотниот бран го погоди и Наполи, каде е измерена температура од 49 степени, како и Римини каде што имаше 47 степени.