Грчките ракометарки не сакаа да играат против Македонија

Од:

Скандал, во грчка режија, се случи во СРЦ „Кале“, во Скопје каде се одржува Европското првенство за ракометарки до 17 години.

Младите ракометарки на Македонија и Грција попладнево требаше да го одиграат својот прв натпревар на континеталниот шампионат за оваа возрасна категорија, но дуелот воопшто не започна, а бидејќи водството на грчката репрезентација не им дозволи на ракометарките да излезат на теренот.

Имано откако по загревањето ракометарките се повлекоа од теренот за потоа, како што е вообичаено за спортските натпревари, да излезат на теренот и се да започе со интонирањето на националните химни, на челниците на грчката репрезентација им сметаа маичките на кои пишува Македонија, поради што не им дозволија да ракометарките воопшто да излезат на теренот.

Потоа тие сепак се појавија на теренот, но одиграа само 32 секунди, кога селекторот побара тајм-аут и ја повлече репрезентацијата од теренот. Македонија мечот го доби со службен резултат.