(ВИДЕО) Огнената стихија се шири накај селото Волково

Од:

„Немаме што да правиме, толку ни се силите, немаме ниту екипи, ниту опрема“, вели  градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митревски кој попладнево е во скопското село Орман, кое го зафати силен пожар. Огнената стихија се шири кон скопско Волково, доведувајќи ги во опасност и другите населени места.

Мешаните велат дека во моментов се справуваат сами како знаат и умеат со огнената стихија. Огнот е најсилен во непосредна близина на селската црква.

Репортерот на „А1он“ јавува дека на терен е само едно противпожарно возило, додека пумпите на другото возило биле расипани.

Жителите се во паника и страв.

Пожарникарите по  расправија со еден од жителите одбиле да го гаснат пожарот, сведочат мештаните.