Голем пожар во скопско Орман

Од:

Голем пожар попладнево го зафати скопското село Орман, во општина Ѓорге Петров. Според мештаните, огнот се шири со огромна брзина низ  целиот планински предел.

Пламените јазици се шират кон населеното место.  Жителите стравуваат за своите домови и бараат помош.

Според нивните искази, пламенот се спуштил до автобуската станица во селото. Се жалат дека противпожарните возила немале доволно вода, а и пумпите не им работеле.

Екипа на „А1он“ се упатува кон опожареното место.