ЦИВИЛ ја поздравува брзата реакција на Внатрешна контрола при МВР

Од:

ЦИВИЛ – Центар за слобода го поздравува брзото расчистување на случајот во кој четворица полицајци грубо ги пречекорија своите овластувања во саботата, на 26 јули годинава. Тогаш, група активисти на партијата Левица и новинарот на ЦИВИЛ беа бесправно врзани со лисици, а врз дел од нив се употреби и сила, како што се гледа од видео прилогот на новинарот на ЦИВИЛ.

„ЦИВИЛ ја потсетува јавноста дека нејзиниот активист и новинар Вулнет Махмути беше врзан со лисици и тоа подолго време од останатите, иако не беше дел од групата што протестираше, туку само вршеше новинарска должност. Пред да биде врзан со лисици и грубо да биде туркан по тесните скалила во ГТЦ, тој успеа да сними краток видео материјал кој беше ЦИВИЛ го објави и кој послужи како доказен материјал за брзата постапка која ја спроведе МВР во текот на изминатите 48 часа“, се наведува во соопштението.