Синдикат на ЦУК: Не сме полигон за проби за партиски војник

Од:

Синдикатот на Центарот за управување со кризи повикува на јавна медиумска дебата за професионализмот во кризниот менаџмент – ЦУК, сега кога се уште во Македонија нема криза, со цел заедно да се придонесе за корекција на дел од неправилностите и на стратешките и на конкретните во административната средина. 

„Имаме право и должност да знаеме како се трошат народните пари и како се раководи со државен орган и за тоа да побараме одговорност, а и стратешки да посочиме на решение!. Токму сега реагираме, кога немаме криза во Македонија, а на пример, се уште „пред очи“ и „пред нос“ ни е неодамнешнит пример со пожарите во Хрватска, во поглед со управувањето со кризи и јавната реакција на дури и на хрватските граѓани заради потфрлањето на политичарите поставени на функционерски места за професионалци“, соопшти синдикатот.

„Не сме полигон за проби за партиски војник или политичар да се става во улога на професионалец на функционерско место во државен орган. Личноста што е сега во улога на в.д директор поставен од техничката влада ни во сегашните 9 месеци „директорување“ во ЦУК, не одговара на општествената профилација за професионалец во вакви витални државни органи. Можеби е тој добар „партиски војник“ но во улога на вршител на должност функционер во ЦУК, сам си ја отвори „пандорината кутија“ на направени најверојатни грешки, злоупотреба на службена положба, кршење на закони, а секако повреда на права и шиканирање на вработени кои се потврдени професионалци во областа во која се акгажирани и дури се и меѓународно познати“, порачуваат од синдикатот.

Тие бараат одговор како се трошат народните пари и како се раководи со државен орган, за што бараат и одговорност и решение на настанатата ситуација.