Матиќ потпиша за Манчестер Јунајтед

Од:

Немања Матиќ и официјално стана нов играч на Манчестер Јунајтед, откако потпиша тригодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“.

Со овој трансфер српскиот фудбалер повторно ќе соработува со менаџерот Жозе Мурињо, кој му беше тренер и додека беше на клупата на Челзи.

Матиќ во редовите на „црвените ѓаволи“ доаѓа од шампионот Челзи, со кого освои две шампионски титули. Менаџерот на Челзи, Антонио Конте најчесто Матиќ последната сезона го имаше како играч од клупата.

Според договорот, постои можност Матиќ покрај трите години да продолжи уште една во екипата на Манчестер Јунајтед, доколку двете страни се задоволни. Тој во новиот клуб ќе игра во дресот со бројот 31.