ВМРО-ДПМНЕ: Парламентарнто мнозинство да не го заборава Прилеп

Од:

Со првиот ребаланс на Буџетот во најава е новата партиска политика во Република Македонија која граѓаните скапо ќе ги чини, соопшти ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Дали со кратење на скоро 700 милиони денaри за опрема и модернизација на АРМ, СДСМ ќе го оствари предизборното ветување за замена на „излитените униформи“ на армијата? Дали за само еден месец од нивното владеење се подобри состојбата во образованието, па сега сме во фаза на кратење на вкупно 3 милијарди денари во образовниот сектор? Прилепските Пратеници на ВМРО ДПМНЕ побараа средства за: реконструкција и обновување на работничкиот универзитет “Пере Тошев” во Прилеп, доопремување на градската болница, реконструкција на старата градска чаршија, изградба на училишни сали во основните училишта “Кире Гаврилоски”, “Кочо Рацин” и “Блаже Конески”, средства за реконструкција на старскиот дом, како и за изградба на нова детска градинка во близина на Тутунскиот комбинат во Прилеп. Дали овие амандмани за Прилеп ќе се прифатат или Прилеп ќе остане заборавен останува на парламентарното мнозинство?“, се додава во соопштението од ОК ВМРО – ДПМНЕ Прилеп.