Од идната недела субвенции за овоштарите

Од:
Денеска се изготвени решенијата за исплата на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари кои производителите ќе ги добијат на почетокот на следната недела, информира Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. Оттаму додаваат дека се свесни за состојбата во која што се наоѓаат овоштарите од Преспанскиот регион, поради што се прават напори да се излезе во пресрет на земјоделците и на нивните барања. 
Што се однесува околу исплатата на обештетувањето за ланските пролетни мразеви во Преспанскиот регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  подготви Информација која ќе се разгледува на една од следните владини седници.  Ги информираме и останатите земјоделци, дека освен за овоштарство, изготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата и на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела“, се додава во соопштението.