Средба Заев -Фазлиу: Нова динамика во соработката меѓу централната и локалната власт

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска оствари работна средба со министерот на локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Главна тема на средбата беше актуелниот момент во кој се наоѓа процесот на комплетирање на децентрализацијата и точките во тој процес кои во наредниот период треба да добијат нова динамика за да бидат финализирани.

Премиерот Заев и министерот Фазлиу ги разговараа и модалитетите за поинтензивна и продуктивна соработка на централната власт со единиците на локалната самоуправа, за да се остварат принципите на актуелната влада за покреативен трансфер на власта кон општините во полза на граѓаните.