Ивановски: Нели е срамота граѓани да живеат во субстандардни услови во Куманово

Од:

Неодговорноста и незаинтересираноста на градоначалникот и локалните власти може да се види насекаде, не постои село, населба и улица во која не можат да се видат трагите на повеќедецениското неработење на локалната самоуправа од СДС. Улицата „Ѓорче Петров“ поточно овој дел каде што сме денес е уште еден од многутте примери на арогантниот однос на градоначалникот кој кулминираше деновиве, рече Срѓан Ивановски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, кој даде изјава на улицата „Ѓорче Петров“ (населба Перо Чичо) во Куманово.

Тој посочи дека улицата е неасфалтирана и е полна со дупки, а таа жална слика претставува секојдневие на жителите од оваа улица кои тука живеат со децении.

„Освен што улицата не е асфалтирана, луѓето тука биле приморани со сопствени средства да финансираат приклучок кон водоводна и канализациона мрежа. Оваа улица е една од најголемите во општина Куманово и граѓаните тука заслужуваат подобар третман од локалната власт. Заслужуваат да имаат функционална и сеопфатна инфраструктура, повеќе урбани елементи како, парк, шеталиште, осветлени улици и пред се градинка. Се она што е ветено, а денес го нема и што со сигурност ќе направи оваа населба пристојно место за живеење“, вели Ивановски.

Тој го запраша градоначалникот : „Нели е срамота цели 12 години сте градоначалник на општина Куманово, а се уште да има вакви случаи во кои граѓаните се приморани да живеат во субстандардни услови. Дали некогаш сте ги повикале овие луѓе и сте ја слушнале нивната мака или и нив како и цело Куманово ги ставате на листа на провокатори“. Тој го повика Дамјановски да се вразуми и да преземе нешто за овие луѓе, а тоа да не биде уште една манипулација од ваша страна, која е редовна пракса сиве овие години.