Нови пет седници во Апелација на кои ќе се одлучува за притворите на обвинетите од СЈО

Од:

Нови пет јавни седници денеска во Апелациониот суд каде Кривичниот совет ќе одлучува по жалбите на обвинетите и на Специјалното јавно обвинителство за одлуките на Основен суд Скопје 1.

Апелација вчера донесе одлука за притвор на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, со назнака дека
по правосилноста на решението, мерката притвор мора да се изврши веднаш.

Во Апелациониот суд денеска се очекува да се појават обвинетите во случаите „Тендери“ и „Топлик“, а во текот на наредните денови и за најкрупниот случај во кој е обвинето потесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и лидерот на партијата, Никола Груевски.

Виктор Јованов