Притвор за Горан Грујовски, Никола Бошковски и Тони Јакимовски

Од:

Апелациониот суд објави дека по одржаните седници на ден 17.7.2017 година донесе одлуки во предметите познати во јавноста како „ТАРГЕТ“ и „ТВРДИНА“.

Уважена е жалбата на СЈО за притвор на тројца обвинети меѓу кои Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски.

Како што велат од Апелациониот суд, определена е мерка притвор заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка.

За останатите обвинети потврдени се првостепените решенија, со тоа што жалбите на обвинетите, како и на Обвинителството, се одбиени како неосновани.

Сашо Мијалков, првообвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ коишто истраги по обвинителниот акт се споија во едно обвинение, останува само без својот пасош. За него СЈО бараше притвор, но барањето беше одбиено како неосновано.

Виктор Јованов