(ВИДЕО) Мицевски: Нема фајде од луѓе што се фасцинираат од цената на чорбата во Влада

Од:

Фајде нема од одлуката во еден ден да се разрешат 1500 членови на управни одбори, со едно млитаво образложение дека ќе се намалеле трошоците, а сите знаат дека тоа експресно ќе се пополни со партиски кадри, порача од собраниската говорница пратеникот од ВМРО–ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој додаде и дека фајде нема ниту од луѓе што во првиот работен ден во влада се фасцинирани што чорбата чини 50 денари. Во ваков стил на меѓусебни реплики и контрареплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжи и денеска маратонската седница за завршната сметка за буџетот 2016 година.