За седум месеци, 12 загинати на патиштата во источна Македонија

Од:

Во првите шест месеци од годинава во источна Македонија загинаа вкупно шест лица, а во јули само во едно деноноќие во три сообраќајни несреќи животите ги загубија шест лица од Кочани, Виница и Делчево, информира портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

– Најчести причини за сообраќајните незгоди се брзото возење, неправилното пристигнување, заморот, алкохолот, недржење на растојание, страна и правец на движење, не носењето на сигурносен појас и кацига, изјави Панајотова.

Таа истакна дека причина број еден за сообраќајните несреќи со фатални последици е брозото возење и непрописното пристигнување. Панајотова апелира до возачите да бидат трпеливи и винамателни на патиштата, а во никој случај да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол или психотропни супстанци.