А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Врбјанска Чука

by А1он10/07/2017 - 08:4291
Share0

Научен тим ги подолжи истражувањата на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кои почнаа минатата година. Локалитетот се наоѓа во северната половина на Пелагонија, меѓу селата Славеј и Врбјани во општина Кривогаштани.

Добивај вести на вибер

Центарот за истражување на предисторијата соопшти дека лани истражувањата дале одлични резултати за просторната организација на неолитската населба, како и за стопанството, општествениот живот и верувањата на првите земјоделци во овие краишта.

– Резултатите се публикувани во научно списание, со што се афирмираше фактот дека Врбјанска Чука била специфична неолитска населба и имала клучна улога во појавата и развитокот на земјоделството во овој дел од Македонија. Тоа го поттикна научниот тим да ги продолжи истражувањата и оваа година, со тоа што покрај стандардните археолошки ископувања, фокусирани на веќе откриените неолитски куќи и средновековните слоеви, паралелно ќе се вршат и археоботанички, зооархеолошки, ихтиолошки, антраколошки, геоархеолошки и паленолошки анализи, а ќе се изведе и датирање на населбата преку АМС методот, соопшти Центарот.

Од продолжението на истражувањето тимот очекува да се добијат податоци за архитектурата и материјалната култура на неолитските земјоделски заедници и темелно да се реконструираат нивната исхрана, животинскиот свет и природната околина, како и времето во кое тие живееле.

Во истражувањата се вклучени стручњаци од повеќе научни области и земји. Проектот е меѓународна соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата, Институтот за старословенска култура, Заводот и музеј – Прилеп, Универзитетот на Јужна Бохемија и Институтот Биосенс. Поддржан е од Швајцарската национална фондација за наука, Министерството за култура, Општина Кривогаштани, Универзитетот на Јужна Бохемија и Институтот Биосенс.

– Покрај темелните научни резултати, ваквата меѓународна соработка ќе овозможи и поширока презентација на предисториското културно наследство од Македонија. Како и минатата година, и овој пат добиените резултати ќе се публикуваат во неколку научни списанија и ќе се презентираат на повеќе конференции во Европа, соопшти Центарот за истражување на предисторијата.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен