А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Зелени бизнис идеи за заштита на природата и поддршка на маргинализирани лица

by А1он03/07/2017 - 16:28349
Share0

Софтверско решение за продажба и донирање на непродадена храна од угостителски објекти „Храна за сите“, илузионистички бизнис за промоција на екологија и поддршка на маргинализирани лица „Еко илузија“ и производство на супстрати за органско производство на растенија и габи „МаМаОргана“ се трите најдобри зелени бизнис идеи на конкурсот „Филантропија преку зелени идеи 2017“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Победниците добиваат вредносен ваучер за консултантски услуги од Асоцијацијата за менаџмент и консалтинг и ќе се натпреваруваат на регионален натпревар од 26 до 29 јули во Црна Гора, каде ќе се борат за парични награди од 10.000 долари.

Здружението за социјални иновации „АРНО“, кој е организатор на конкурсот, информира дека критериумите според кои се оценувани идеите се изводливоста на идејата, позитивното влијание врз локалната економија и животната средина, како и само-одржливост и социјалниот импакт.

Според координаторот на проектот Ирина Јаневска, интересно за оваа година е што имало неколку идеи кои биле слични за градби со глина, органско компостирање и реупотреба на текстил.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Се радуваме што гледаме вакви трендови во економијата и интерес кај македонските граѓани да водат еко-бизниси. Беше вистински предизвик да се одберат финалисти и победници. Одлуката се водеше и по критериумите овие бизниси да можат да се реализираат со почетниот капитал и во рок од една година да покажат пазарни резултати, изјави Јаневска.

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто