Матурантка на 97 години

Од:

Ен Колаџовани конечно го заврши средното училиште на свои 97 години. Таа морала да го напушти училиштето уште во 1930 година за да работи во дуќанот на нејзиниот татко, тогаш имала 17 години.

Нејзината ќерка Емили вели дека Ен била многу возбудена кога слушнала дека по толку многу години ќе добие диплома.

Таа е најстариот матурант во класата 2012 во гимназијата во Охајо, но не е и единствениот матурант во фамилијата, нејзиниот внук Томас Винчи матурираше еден ден по баба си.