Земјотрес во Охридското сеизмичко подрачје

Од:

Умерен земјотрес со интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала попладнево во 15:10 часот го потресе југозападниот дел на Македонија, односно охридското епицентрално подрачје.

Епицентарот на потресот е лоциран десет километри северно од Ресен, на длабочина од два километри во земјината кора.

Два умерени земјотреси и пред два дена го потресоа истото подрачје, притоа не предизвикувајќи никакви материјални штети, освен вознемиреност кај населението во околните населени места.