(ВИДЕО) Јовановски кај Царовска: Ќе се потрудам да нема гладни и боси

Од:

Новоизбраниот претседател на Меѓународниот сојуз за цивилно општество денеска ја имаше првата службена средба, и тоа со новата министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска.

-Само што ја завршив првата официјална средба со министерката Мила Царовска, договоривме начела на првична соработка, ќе се трудиме да имаме една добра и силна соработка која што ќе биде во интерес на сите граѓани. На средбата разговаравме за програмата на Меѓународниот сојуз, вели Јовановски за А1он.

Јовановски свечено функцијата ќе ја превземе на 22 јуни каде, како што најави, граѓаните ќе имаат прилика да ја слушнат програмата со која претендираше и беше составен дел од кандидатурата за претседател на МСЦО.

-Како претседател на сојузот ќе се потрудам да има насмеани лица и насмеано општество, односно да нема гладни, боси и колку што можеме сите заедно здружени, сплотени без никакви поделби да бидеме во служба на оние кои што им е најпотребно, рече Јовановски.

Тој вели дека очекува соработка со сите институции не само со министерството за труд и социјална политика бидејќи, како што кажа, и другите министерства ќе имаат голема улога во функционирањето на овој сојуз, исто така општините и градоначалниците.

Јовановски за А1он откри дел од програмата која тој планира да ја спроведе во наредниот период. Се работи за до образување или озанатување на луѓе кои што немале прилика во животот да го направат тоа.

-Во мојата програма има еден дел каде што се вика до едуцирање на луѓе кои што немале можност тоа да го направат и ние како сојуз ќе се потрудиме тоа да го направиме преку едно вакво системско решение, вели Јовановски.

Виктор Јованов