Ќе има ревизија на работењето на владата со технички овластувања во заминување и ќе бидат преиспитани процедурите кои што во последен момент пред трансферот на власта Тодоров и соработниците влегоа во договор за изграба на нов клинички центар, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
-Владата со технички овластувања нема овластување да потпишува вакви договори на неколку дена пред заминување и клучно да ги интересираат потребите на граѓаните, рече Шилегов.
Клиничкиот центар кој Министерот Тодоров го најави во 2012 година требаше да биде готов до 2 јануари 2014 година, но на најавениот нов клинички центар се уште има тараби и дупки.
Портпаролот на СДСМ најави дека новата Влада ќе го врати концептот на единствен Универзитетски клинички центар во кој што сите клиники ќе бидат функционално поврзани, пациентите нема да бидат препраќани од клиника на клиника.
-Новата реформска Влада ќе изгради нов клинички центар во Скопје, граѓаните на Македонија ќе добијат реален, модерен и функционален Универзитетски клинички центар. Постапката за изградба ќе се одвива на транспарентен начин како што ќе работи новата Влада, затоа што станува збор за парите на граѓаните и нивните потреби, а не како до сега низ политиканство и на сомнителен начин.
-Владата во заминување ќе подлежи на одговорност за сите противзаконски активности против граѓаните, рече Шилегов.
