Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати телеграма со сочувство до семејството и пријателите на познатиот виртуозен музичар Зоран Маџиров.
„Во мое лично име и од име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразувам искрено жалење и сочувство за загубата на Зоран Маџиров, син, татко, сопруг, брат, пријател, но и врвен и почитуван музичар поради што загубата не е само на семејството, туку и на Република Македонија.
Во овие тешки моменти на голема болка и тага, се надевам дека ќе најдете сила за утеха во големото безвременско дело што го остави зад себе, креативното музичко творештво, како и големиот придонес кон промоција на Македонија во светот.
Тоа е силен мотив за сегашните и идните генерации да создаваат и творат музички дела препознатливи во светот по својата уникатност и посебност, на начин на којшто тоа го правеше почитуваниот Маџиров.“