Демант од ЈП Водовод и канализација

Од:

ЈП Водовод и канализација испрати демант на текстот „СУТКОЗ: И Државниот инспекторат за труд потврди дека Атанасов директорува со Водовод без признаена диплома“ објавен денеска, кој ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани,

Сакаме да го демантираме текстот во вашиот медиум, со наслов “И Државниот инспекторат за труд потврди дека Атанасов директорува со Водовод без признаена диплома “, објавен денес (05.05.2017).

Согласно измените во ЗАКОН ЗА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, правното лице да добие дозвола за користење оружје чл. 14 став 4 потребно е во систематизацијата да е предвидено работно место, кое ќе содржи посебен дел со опис и попис на работите и работните задачи и овластувањата на вработените, кои ги вршат работите на приватно обезбедување

Цитираме :

Член 14
Дозвола за обезбедување за сопствени потреби од членот 12 став (1) точка 2 од овој закон се издава на правно лице, ако:
4) поседува акт за систематизација на работни места на правното лице, кој содржи посебен дел со опис и попис на работите и работните задачи и овластувањата на вработените кои ги вршат работите на приватно обезбедување за сопствени потреби, за секое работно место.

Во новата систематизација на ЈП Водовод и канализација – Скопје (која е во фаза на усвојување ) за работнто место ОПЕРАТОР НА ПУМПЕНИ СТАНИЦИ на кои им се повлече оружјето (кое патем беше старо и неупотребливо) не е утврдено да поседуваат и корисат оружје, од причина што и нема потреба бидејки нивнта работа е САМО СЕРВИСНО ОДРЖУВАЊЕ на пумпените станици, а не и обезбедување .

Оператор на пумпна станица (питка вода)
80
струка – машинство; електротехника
управување со пумпна станица за експлотација на питка вода
го мониторира работењето на пумпите и другата опрема во пумпната станица;
се грижи за оптимално работење на потисните пумпи и агрегати за транспортирање на водата, техничката опрема која што е вградена во пумпната станица
врши основно сервисирање на опремата во пумпната станица
води дневник за работењето на пумпите и нивото на вода во резервоарите;
подготвува извештај за работата на пумпната станица и резултатите од мониторирањето;
го известува самостојниот работоводител за проблеми и дефекти во работењето на пумпите и предлага итна замена или попрвака на дефектите;
ги пријавува дефектите на пумпите и го верификува сервивирањето;
одговорен е за ажурно извршување на работите;
должен е да ги користи средствата и опремата за лична заштита;
– одговорен е и се грижи за одржување на хигиената на работното место и мерките за заштита во пумпната станица и околината на пумпната станица.

За вршење на таа дејност обезбедување на сите објекти на ЈП Водовод и канализација- Скопје задолжена е чуварска служба од вкупно 96 чувари – обезбедени со лиценци и современо оружје, и за истите согласно ЗАКОН ЗА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ во систематизацијата е предвидено работно место ЧУВАР – кое согласно Законот содржи посебен дел со опис и попис на работите и работните задачи и овластувањата на вработените кои ги вршат работите на приватно обезбедување. Работното место оператор на пумпена станица ни во старата ни во новата систематизација не содржеше посебен дел со опис и попис на работите и работните задачи и овластувањата на вработените да вршат работите на приватно обезбедување, како што е обврската согласно ЗАКОН ЗА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, па следствено на тоа и оружјето беше повлечено – повторно нагласуваме дека повлеченото оружје беше неупотребливо.

Чувар на објект
110
средно
лиценца за обезбедување на лица и имот
физичко обезбедување на објекти
одговорен е за целосна заштита на објектот и просторот во зоната за обезбедување;
должен е да ги применува одредбите од Правилникот за физичко-техничкото обезбедување на објектите;
должен е да го одржува во исправна состојба оружјето и средствата за комуникација;
презема активности за обезбедување на опремата во објектите.
– должен е да ја одржува хигиената на објектот како и за чувување на предметите доверени на чување.

Јасни се интенциите на Вашиот портал, меѓутоа за напишаното ќе следи превземање на сите законски постапки. Со Вашите намерно неточни пишувања, се прави обид да се направи штета на нашето реномирано претпријатие, посебно свесно може да се предизвика вознемирување и не безбеднoст кај граѓаните, а за истото кривично се одговара.

Ве молиме во целост да го објавите овој Демант“ се вели во демантот на ЈП Водовод и канализација – Скопје.