(ВИДЕО) Шилегов: УЈП десет пати бара увид во мојата имотна состојба од 2012. година

Од:

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов кажа дека Управата за Јавни Приходи по десети пат бара увид во неговата имотна состојба.

– Девет пати досега УЈП бара мои имотни листови, за да ми ја провери имотната состојба од 2012. година. Девет пати не најдоа ништо, не ми е јасно што ќе најдат сега, рече Шилегов.

На прашање дали овој случај е поврзан со тоа што УЈП проверува имотна состојба на екс-министерот Зоран Ставрески, Шилегов дека немал ниту сакал да има нешто со него.