Пратеникот на БЕСА, Зеќирија Ибрахими, праша чиј бил телефонскиот повик за кој Ѓорге Иванов рече дека ја прекинал договорената влада помеѓу ДУИ и ДПМНЕ.
– Никој не кажа дали беше вклучена декларацијата во тој договор. Никој од ДУИ не се произнесе дали тие оневозможиле соработка со Никола Груевски и дали таа соработка може повторно да продолжи со уште еден телефонски повик, рече Ибрахими и обвини дека некои политичари сакаат да ги расипат помеѓу Македонија и Албанија.