Билт: Почитување на Уставот и демократијата ќе ја однесе Македонија напред

Од:

Демократија, Устав, Европа. Почитување на овие три работи ќе ја однесе Македонија напред, напиша на својот Твитер профил веднаш по средбата со СДСМ копретседавачот на институтот Европски совет за надворешни работи, Карл Билт.

По средбата во СДСМ, Билт замина во Мала Речица на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Попладне се очекува поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија да се сретне со претставници од ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА.