Судовите се штедливи кон граѓаните кои ги тужат затоа што биле неосновано притворени и добиваат минимална отштета која во просек изнесува од 40 до 50 евра за ден. Дури и кога ќе добијат компензација, отштетата ја бараат по присилен пат, преку извршители, покажува најновото истражување на Невладината организација „Сведок“.
– Се работи за средства кои се одлеваат од државниот буџет. Граѓаните имаат право да знаат за што се одлеваат парите од буџетот, а државата има обврска да го обезбеди тоа како податок. Очигледно дека тие податоци не се јавно достапни, па од тука придонесот е да откриеме кои се придонесите кои бесправно се притворени ги добиваат. Официјалната статистика има сериозен недостаток во она што значи притвор. Се води од 90 дена, тие се над 150 граѓани, а има и притвор близу 600 дена по што бил ослободен, вели Гордана Бужаровска која е дел од истражувачкиот тим.
Постапките понекогаш траат повеќе години, па не можеме да бидеме сигурни колку граѓани биле неосновано во притвор.
– Во изминатите пет години околку 10 милиони денари се одлеани од буџетот, а кога станува збор за надоместок на штета, бројката е околу 21 милион за надомест, но во неа не се влезени трошоците за извршители бидејќи државата не е спремна да ги извршува доброволно туку граѓаните надоместокот го наплаќаат преку извршители, вели Неда Здравева, дел од истражувачкиот тим.
За начинот на кои се даваат парие за лицата кои биле неосновано во притвор се пожалија и судиите. Тие велат, првостепениот суд е виновен за таа „тарифа“ која не ја менуваат во зависност од секој случај.
– Овие предмети спаѓаат во едни од најтешките предмети за еден граѓански судија и од емотивен карактер. Имам судено неколку предмети каде што многу долго траел притворот. Се согласувам дека во образложението на пресудата треба да стои секој поединечен критериум, особено согласно најновите измени на законот за облигационите односи која е направена за личните права. Од аспект на судија ќе ви кажам, став на повисоките судови е дека правно-релевантен страв има ако бидеш физички повреден, рече судијката Антоанета Димовска.
Порнашената судијка Виолета Дума кажа дека нејзиното разрешување било неосновано, а за тоа потврдил и судот во Стразбур.
Имам право да поднесам тужба за надомест на штета, но знаејќи ги пресудите кои ги носат нашите судови во делот на граѓанскиот суд, се сомневам дали да поднесам такво барање затоа што или тоа уште еднаш ќе ме повреди, па подобро би било да не барам отштета, рече Дума.