„Кралот на Ромите“ се нуди да му помогне на Трамп за изградба на ѕидот

Од:

Додека целиот свет ја коментира одлуката на Трамп да гради ѕид на јужната граница на САД со Мексико, Дорин Чоба самопрогласениот „Крал на Ромите“, му се нуди да му помогне во изградбата.

Чоба е граѓанин на Романија, по националност Ром и себеси се нарекува „Крал на Ромите“. Тој му испратил писмо на Трамп во кое му ги нуди своите услуги за изградбата на неговиот ѕид.

Цената би била поволна, бидејќи Ромите патат од голема невработеност и се спремни да работат за плата пониска од вообичаената, тврди Чоба.

Тој гарантира дека неговите луѓе се доволни квалификувани за овој монументален проект бидејќи тие одлично работат со метал.

Кралот на Ромите исто така му испратил и честитки од целиот негов народ.

„Ромската нација, која што ја претставувам, сака да ви посака среќа во работата која што ја работите и Бог да ги благослови одлуките кои ги носите за меѓународен мир и просперитет“ му напишал Чоба на Трамп.